Феноменот „пресечено море“

Оваа необична глетка на море, што може да се види на сликата подолу, се случува кога ќе се сретнат бранови кои доаѓаат од различни правци.

Зошто насоките им се различни? Бидејќи брановите припаѓаат на одделни климатски системи.

Брановите можат да патуваат илјадници километри над површината на водата. Дури и кога ние гледаме мирни води, тие беснеат на друго место во водата, создавајќи бранови кои што удираат на брегот во некој непознат правец.

Овој феномен е различен од брановите што се добиваат од налетот на ветрот. Токму тие ја поседуваат способноста да избијат на површината на морето и да се брануваат долго време додека не се судрат со друг бран што доаѓа од сосема друга насока. Тоа е таканаречениот феномен „пресечено море”, кој што личи на парена торта. Истиот може да биде забележан само од далеку или од воздухот и не е видлив од плажа.

1(1389)

- Реклама -