Феноменален илузионист направи „пуздер“ на „Америка има талент“

Томас Б. Де Ла Круз, во вторникот, ги воодушеви публиката и жирито на американското шоу „Америка има талент“.

Поранешниот маринец покажа дека поседува феноменоменални илузионистички вештини, создавајќи карти и топчиња буквално од воздух, па дури и претурајќи сол и вода на невозможни начини, сето тоа на само неколку сантиметри од очите на жирито.

Bp0D_s2IUAAZd45.jpg large

Инаку, 33-годишниот „Smoothini – The Ghetto Houdini“, како што се нарекува самиот, се бави со илузијата на професионално ниво, забавувајќи ја публиката низ казината на Лас Вегас, а по настапот на шоуто, несомнено е дека неговите „услуги“ ќе бидат барем двојно повеќе барани од она што биле до сега.

- Реклама -