Социјалната мрежа Фејсбук вчера наутро ја претстави својата нова можност, насловена Gifts (Подароци), која сега e достапна низ целата територија на САД, откако одредено време помина во бета-верзија.
За они кои сакаат на своите пријатели да им пратат вистински подароци наместо виртуелни, за родендени, празници или посебни пригоди, ова е многу е едноставен процес. Фејсбук состави голема колекција со најразлични подароци, како гастрономски специјалитети, предмети за домот и иновативни подароци.
Станува збор за совршено темпиран водич со подароци, кој доаѓа токму во екот на празничната сезона. Дури и вашите пријатели да знаат дека планирате да им купите подароци со помош на Фејсбук, сигурно сепак ќе бидат задоволни.
Mashable има целосно водич со фотографии низ кои е опишан процесот на испраќање на подароците на Фејсбук.