Компанијата Facebook, во првите 24 часа по нападот на џамијата во Крајстчрч, Нов Зеланд, отстранила милион и пол копии од снимката од нападот, кој напаѓачот го емитуваше во живо на друштвената мрежа.
„Во првите 24 часа отстранивме 1.5 милион снимки од нападот, од кои 1.2 милиони беа блокирани во текот на нивното поставување“, соопшти Facebook.
Оттаму велат дека ги отстрануваат „дури“ и уредуваните верзии од снимката, оние во кои е отстранета графичката содржина, од почит кон починатите и нивните блиски и роднини.
Напаѓачот на џамијата 17 минути во живо го емитуваше нападот преку Фејсбук, користејќи апликација за ентузијасти за екстремни спортови. Во нападот животот го загубија 50 лица.