„Внимавајте што објавувате на Facebook, ова порано или подоцна може да се сврти против вас”, предупреди американскиот претседател Барак Обама за време на средбата со студенти во Арлингтон во 2009 година, по повод почетокот на учебната година. Речиси четири години подоцна, предупредувањето на претседателот стана актуелно повеќе од било кога. При вработување, профилите на кандидатите на Facebook, YouTube, блоговите, Twitter, Tumblr, станаа широко користени извори за дополнителни информации на работодавците.
Дури и фотографиите од весели моменти со пријателите може да се здобијат со горчлив вкус, години подоцна.
Но, веќе секоја активност на интернет може може да ја избрише една апликација.
Новата апликација во App Store се чини дека прави напори тоа да се промени. Таа, меѓудругото ви нуди да активирате „мини” на фотографиите, споделени Facebook. Вие ги поставувате, а во одбраниот момент во рудникот се предизвикува експлозија, при која што се бришат секакви виртуелни траги од вашите фотографии.
„Корисниците на интернет се соочуваат со два големи проблеми”, објасни Дипак Тевари, портпарол на компанијата која е производител. „Од една страна фотографиите, а од друга-се повеќе „дигитализираните, сеопфатни и мешани односи. Приватноста на корисниците станува неконтролирана за самите нив “. Освен програмата за уривање на слики, апликацијата го олеснува споделувањето на информации со ограничен круг луѓе. Пo грешките, младоста ќе остане само за вас, па и за луѓето со кои сакате да ја споделите.