Фејсбук ќе ве предупреди ако некој ве шпионира

Во иднина, најголемата социјална мрежа ќе испраќа нотификации на корисниците за сомнителни активности кои се одвиваат на нивниот профил, дури ако се работи за шпионажа од страна на Властите на матичните држави.

Првиот човек за безбедност на Фејсбук, Алекс Стамос пишува дека ваквиот чекор е неопходен за безбеноста на нивните корисници.

facebook-ipad

„Одлучивме да им праќаме дополнителни известувања на корисниците ако веруваме дека нападот е спонзориран од властите. Тоа го правиме бидејќи овие напади обично се посложени и поопасни од другите видови на напади“, истакна тој.

 

- Реклама -