За сите оние корисници на Фејсбук кои некогаш имале потешкотии да разликуваат сатиричен од вистинит текст, Фејсбук воведува обележувач што ќе спречи да наседнат на измислените вести.
Фејсбук планира да воведе правило ознаката „сатира“ да се појавува пред пародичните текстови од одредени интернет страници.
Оваа ознака треба да се појавува кога некој корисник од Фејсбук ќе сподели статија на социјалната мрежа од некоја интернет страница за сатира.
„Добивме барања од корисниците кои сакаат јасно ра ги разликуваат сатиричните статии од останатите“, изјави еден од портпаролите на Фејсбук.
Појавувањето на новата ознака би можело да ги лиши сатиричните страници од оние читатели кои се привлечени од атрактивните и неверојатни наслови, а наседнувањето на шегите честопати им даваше особен шарм на страниците за сатирични вести, сметаат дел од корисниците на Фејсбук.