Фејсбук го призна Косово

Пет години откако прогласи независност, Косово се најде на листата на најголемата социјална мрежа во светот, пишува The Atlantic. Косоварите, кои сакаат да создадат Facebook профил сега ќе можат да го посочат „Косово” како локација. Досега повеќето корисници користеа „Србија”.

Премиерот на Косово Хашим Тачи ја поздрави одлуката и појасни дека претставниците на раководството на Facebook го информирале порано во текот на неделата за одлуката на компанијата. Според премиерот тоа ќе има особено позитивно влијание за бизнисот во Косово. Министерот за евроинтергација Валона Цитаку отиде уште подалеку со својот  ентузијазам, откако  напиша на Twitter  „Facebook го призна Косово како држава”.

Социјалната мрежа ја потврди својата одлука, но брзо се одврати од секоја  претпоставка дека има моќ да „признае” , без разлика за која држава се работи.

Прочитајте и:  Мицкоски од Приштина: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
- Реклама -