Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска го поздрави младиот Марко Пејчиновски, кој по испливани скоро 12 километри вчера го прекина пливачкиот ултрамаратон на 64 километри на рутата Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид поради силни болки во ногата.
Марко, кој има некроза на ногата, пливаше за хуманитарната цел, за поддршка на лицата со ретки болести, а по 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро мина 11 километри и 840 метри.
„Браво Марко! Твојата порака е силно испратена, а на твојот подвиг сите ние се воодушевуваме. Ти постигна многу, а твојот резултат и мотивација се за најголема почит. Продолжи да веруваш во себе и да носиш позитивни промени. Care about rare! #CareAboutRare“, напиша Царовска.