Фасцинирани

У оваа наша белосветска дркотина, каде што секој си го мери минатиот background на примање животно искуство, едина работа што нема никад да ни стане карактерен код ни е достоинството.

Тоа е она последното што треба да го загубиме, во низата од основни нешта кои сме ги загубиле живеејќи у балканското гето, со навошлив стандард. Наместо да пробаме да смениме нешто, ние си стоиме ко акнати со мокра чорапа и сe’ уште не контаме од која врата иде провевот.

Амди Бајрам е фасциниран од Заев, а ја сум фасциниран од тоа како он е фасциниран од чоекот на кого му ветуваше морков и кафез. Игзгледа дека морковот и стапот беа за народецов ни напатен како и обично, а во ова труло општество, останува да биде N1 шверцер на фармерки кој нема завршено ни осмо одделение. Амди е на врвот секогаш.

Каде сме ние и колку вредиме ние кои сакаме да идеме напред? Додека новинарите се фасцинирани од своите ментори, кои ги држат за грива као стока на поило, фрштат фалби те за едните те за другите.

Ја сум фасциниран како народов се уште седи мирен по веста дека малолетни штитенички од дом за деликвенти се шиткале као бело робје на типови со настрана машта? Клиентот кој плаќа за секс а зима услуга од 13 годишно дете е јунак за настрани ликови ко Шиндре. За сељаци ко мене кои маштаат за mature и milf, тоа општење влага у жанрот хорор.

Фасциниран сум како уште нема смени на директори, апсења, истраги и мобилизација на општествово после овој монструозен син каде државата си ебава 13 годишни штитенички. Штитенички, ќе повторам. Државата и нејзините директори ги штитат своите деца со трудни стомаци и бесплатен абортус. Зошто е ова вака?  Хм…Сетете се како помина веста за 90 мртви новорединчиња на клиникиве, за само 6 месеци. Ебете си мајката со Ќосето и Галиите. И со дрвата за човекови права и за слободата која дојде. Ебете се сите!!! Не сакам да бидам повеќе дел од ова нездраво опкружување, па се уште се надевам на својата колиба, на врвот од планината, до планинското поточе и меѓу боровата шума. Дивечот во планината не може да те изеде како дивечот меѓу луѓето. А нив ги поставивме да ни ги водат животите. Политичари, новинари, попови, доктори, социјални работници…. Како ли само успеавме? Еве не знам….Фасциниран сум….

- Реклама -