Реновирање на стан изграден 1914 година во Шветска со цел да се зголеми неговата квадратура, а да се задржи оригиналноста, е уште еден „жив“ доказ на скандинавската свежина, елеганција и практичност кога станува збор за уредување на просторот.
Како „владетел“ на просторот е избрана белата боја, мал број детали, вкусно избран мебел и материјали за декорирање. Резултатот е простор кој дава чувство на топлина, свежина и добредојде.
Недостатокот на непотребни елементи и декоративни ситници го поедноставиле просторот и ја зголемиле неговата функционалност. Некои елементи имаат за цел да импресионираат и тоа одлично го направиле, како и стаклениот под кои воедно е и минималистички и многу привлечен детал. Исто така, стаклениот под на многу убав и интересен начин визуелно го отвараат малиот простор за спиење.
Прозореот на покривот овозможува многу природна светлина и ја нагласува транспарентноста на просторот. Контраста со многу древниот и темен дрвен под и скали, чисто и едноставно го дефинираат просторот.
Природниот елемент игра важна улога во зголемување на топлината во просторот, но се разбира во мал број спречува интериерот да стане монотон.
Скандинавскиот стил на внатрешен дизајн ќе ги воодушеви оние кои сакаат едноставност, елеганција, функционалноста и чувството на свежина.