Со голема заслуга на македонскиот кошаркар Перо Антиќ, екипата на Атланта Хокс ја оствари 14-та победа во НБА лигата. Откако целиот меч беше навистина неизвесен, драматичен, и полн со пресвртници, Перо Антиќ на само две секунди пред крајот погоди фатастична тројка, со што изедначи (101-101), го избегна поразот и воедно го одведе натпреварот во продолженија. Во петминутното продолжение пак, Атланта успеа да оствари триумф над Шарлот со конечен резултат од 118-116.
Иако за 22 минути и 22 секунди на паркетот нашиот кошаркар остана само на тие три поени, сепак, тимот на крајот на мечот истакна дека токму Перо е нивниот спасител.
Погледнете ја фантастичната тројка на една нога со која Антиќ буквално во последен момент го промени мечот.
[youtube]http://youtu.be/Iu0xFKAjAYg[/youtube]