Кога ќе погледне нешто кое што ја разбранува фантазијата и инспирира, уметникот создава проект преку кој се изразува на свој уникатен начин, а сепак оставајќи ја публиката да исткае сопствена интерпретација и уживање во неговата работа.
Таков е и овој едиторијал кој доаѓа од Прилеп, со одлична идеја и фантастична реализација.
Едиторијалот е инспиран од приказната на новиот филм кој ке излезе наскоро од Walt Disney со Анџелина Џоли, по кои и едиторијалот го доби својот наслов – Malificent.
„Главната цел ми беше да го доловам замисленото, во што сметам дека успеав, со помош на шминкерката Милена Северкоска која што пред извесен период го отвори своето атејле во Прилеп, а исто така и со помош на моделот Валерија Преспаноска“, вели Ѓоѓи за 365.
Уживајте во неговата визија…
модел: Валерија Преспаноска.
шминка: Милена Северкоска.
фотографија: Ѓорѓи Десподов.