Фамозната женска Г-точка не постои

g_t60 години мажите безуспешно се трудат да ја пронајдат таинствената Г-точка кај своите партнерки, а сега британските научници велат дека сиот тој труд бил за џабе.

d72b1f5b59f0ec8c_orgasm.larger60 години мажите безуспешно се трудат да ја пронајдат таинствената Г-точка кај своите партнерки, а сега британските научници велат дека сиот тој труд бил за џабе.

Имено, едно големо истражување кое тимот во Кинг колеџот во Лондон го направи со 1.800 жени, дефинитивно се утврди дека тој таинствен извор на интензивно сексуално задоволство всушност бил само непресушен извор за заработка на разните списанија и терапевти. Г-точката со декади беше претставувана како збир на нервни завршетоци кои некои жени ги имаат, а некои не. Искусните мажи наводно можеа да ги активираат со помош на правилни техники и на партнерките да им пружат врвно задоволство.

Терапевтите изградија цели кариери со разните техники за допирање и препораките за тоа како да се засили делувањето на Г-точката со диети или вежби. Меѓутоа, митот од друга страна предизвика и чувство на недостапност односно комплекси на помала вредност кај многу партнери кои точката никако не успеваа да ја најдат.

Андреа Бури, која беше дел од британскиот тим, изјави дека била загрижена за жените кои стравувале дека нешто им недостасува бидејќи го немаат чудотворниот збир од нерви. „Всушност, неодговорно е да се истакнува постоењето на дел од телото кое не е потврдено и со тоа да се оптеретуваат жените и мажите.“, изјави Бури.

Професорот за генетска епидемилогија, Тим Спектор, еден од ко-авторите на студијата, рече дека резулататите покажале дека идејата за Г-точката е потполно субјективна. Британскиот тим побара од жените на старост од 23 до 83 години да потполнат прашаници. Сите испитанички имале еднојајчани или двојајчани близнаци. Кога би постоела Г-точката, студијата би покажала дека секогаш ја имаат двата идентични близнаци. Меѓутоа, резултатите открија дека подеднакво ја имале и еднојајчаните и двојајчаните близнаци. Околу 56% од жените потврдиле дека имаат Г-точка и тоа воглавно помладите, сексуално активни жени.

Идејата за постоењето на изворот на женското блаженство прв ја претстави германскиот гинеколог Ернст Графенберг според кој го доби и името. Во 80-тите ја популаризира американскиот сексолог Beverly Whipple од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси. Whipple и ден денес верува дека неговите истражувања се точни, па проблемот во новата британска студија го бара во тоа што резулатите подеднакво зависат од машките партнери како и од женските.

Резулатите од истражувањата ќе бидат претставени оваа недела во новиот број на магазинот Journal of Sexual Medicine. [What an anti-climax: After 60 years scientists claim to have proved the G-spot doesn’t exist]

- Реклама -