Многу фактори влијаат на тоа дали некој ви е привлечен или не, а поголемиот дел од нив се одвиваат потсвесно така што ни самите не знаеме зошто некој не привлекува.
Вечно е прашањето „што е тоа што не привлекува кон спротивниот пол, а што не?“ Одбравме неколку интересни истражувања што даваат одговори на оваа мистерија.
Годините на вашите родители
Децата кои родителите ги добиваат во нивните 30-ти или 40-ти години, подоцна во животот стануваат понаклонети кон постари лица. Децата на помлади родители пак, повеќе ги привлекуваат помлади лица, велат експертите. Според нив, причина за тоа е што на пример, децата на постарите родители, во текот на нивното растење се навикнати да гледаат постари лица кои со текот на времето им станале драги, и обратно. Ваквиот фактор за привлечност според експертите е поизразен кај женската популација.
Љубовта е навистина во воздухот
Колку и да ни е тешко да си признаеме, сепак, нашите хормони во голема мера не одредуваат. И мажите и жените овие информации ги „купуваат“ во воздухот, по пат на носот и на несвесно ниво. Кога жената е во плодниот период, таа за мажите е попривлечна токму поради хормоните кои ги лачи. Мажите кои имаат повеќе тестостерон се попривлечни за жените, бидејќи и тие ја чувствуваат нивната машкост, исто така, на потсвесно ниво. Би можело да се каже, дека љубовта навистина е во воздухот.
Чувството на глад го менува начинот на гледање
Едно истражување покажало дека мажите кои се во моментот на испитувањето гладни, преферираат пополнички девојки со облини. И спротивно, кога се чувствуваат сито, тие преферираат послаби жени. И повторно се се врти околку мозокот. Кога се чувствувате гладни, мозокот испраќа сигнал, па во тој момент пополните девојки стануваат симбол за богатство и благосостојба. Станува збор за несвесни реакции кои имаат силно влијание врз сексуалната привлечност.
Бојата на гласот
Жените обично не се свесни за тоа но, мажите „паѓаат“ на пријатен женски глас, а тоа воедно во голема мера влијае на сексуалната привлечност која тие ја поседуваат. Истражувањата покажаа дека мажите сакаат пријатни или нежни женски гласови, а не премногу високи или пак длабоки. Многу мажи ги занемаруваат „потенцијалните физички недостатоци“ кога ќе ги заведе пријатен женски глас кој е еден од главните симболи за женственост.