Многу жени се гадливи кога е во прашање оралниот секс, а има и такви на кои што им е непријатно кога ќе се спомене оралниот секс.Но, кога би можеле да го промените вашиот став кон оралниот секс, сексуалниот живот ќе ви биде значително подобар и поинтересен. Можеби овие совети ќе помогнат кон таа цел.
Заблуда: Оралниот секс е валкан
Дали сте можебиз бунети по прашањето за хигиената? Ако вашиот маж се држи до себе и редовно се тушира, тогаш и оралниот секс ќе биде чист. Ако не е склон кон редовно туширање, можете да му предложите заедничко туширање после што без грижа можете да уживате во ова искуство.
Заблуда: Оралниот секс ги деградира жените
Немојте да мислите дека оралниот секс е желба на партнерот со цел да го понижи вашето достоинство. Сексот со некој кој го сакате е нешто прекрасно, а не зборуваме само за традиционален секс.
Заблуда: Само на мажите им треба орален секс
Оралниот секс не е само уживање за мажите. Многу жени признаваат дека се толку возбудени додека му пружаат на партнерот орален секс, што не можат да престанат. Освен тоа, мажот ќе ви врати со истата мерка.
Заблуда: Не можам
Дали вам ви е можеби непријатно или немате доволно искуство? Се плашите дека можеби нема да знаете како да го задоволите партнерот? Отфрлете ги своите стравови и обидете се. Имајте самодоверба.
Вистина: Внимавајте!
Должност е да се преупреди дека не треба да практикувате орален секс ако менувате постојано партнери. И на тој начин можат да се пренесат разни инфекции. Затоа, потребно е да бидете во стабилна врска, пред да се опуштите на овој вид на секс во креветот.