Факти и митови за громовите

ГромСе наоѓаме во период кога се зачестени бурите со силни електрични празнења. Затоа, ви пренесуваме неколку митови и факти за громовите кои би било добро да ги знаете.

Се наоѓаме во период кога се зачестени бурите со силни електрични празнења. Затоа, ви пренесуваме неколку митови и факти за громовите кои би било добро да ги знаете.

ГромМоже да ве удри гром и кога сте внатре – факт!

Кога има бура, најбезбедното секако дека е најбезбедно да бидете внатре. Но, тоа не значи дека не треба да се заштитите дополнително. Доколку громот удри во вашата зграда, струјата ќе помине по инсталацијата или цевките, пред да отиде во земјата. Затоа, не се препорачаува користење фиксен телефон со кабел (безжичните и мобилните телефони се во ред), користење компјутери или што било друго поврзано со струја, а треба да се воздржите и од употребата на вода во тие периоди.

Громовите секогаш ги уриваат авионите – мит!

Во просек, секој авион што лета, го удира гром еднаш во годината. Но, громовите многу ретко уриваат авиони. Авионите се направени од дуралуминиум, кој е суперпроводник, а дополнително, секој авион има заштита од грмотевици, па затоа немате причини за загриженост.

Треба да ги исклучите електричните апарати од мрежата за време на бура – факт!

Дури и ако апаратите ви се исклучени, но кабелот е приклучен во штекер, оптоварувањето што настанува при удар на гром во електричната мрежа, може да ги изгори, дури и ако се случи на неколку километри подалеку. Исклучете ги апаратите од мрежата пред бурата, затоа што ако се обидете да ги исклучите во текот на бурата, може да добиете струен удар.

Треба да избегнувате автомобили за време на бура – мит!

Автомобилите, заедно со внатрешноста од зградите, се најбезбедните места во кои можете да се најдете за време на бура. Каросеријата служи како Фарадеев кафез, што значи дека дури и ако вашиот автомобил го удри гром, вие ќе бидете апсолутно заштитени, затоа што струјата не може да навлезе во кафезот. Исклучок од ова се кабриолетите, затоа што кај нив недостасува горниот дел од кафезот.

Гром не удира два пати на исто место – мит!

За време на бура, гром може да удри и по неколку пати на истото место.

Не е безбедно да сте на отворено за време на бура – факт!

Ако сте надвор кога ќе започне бурата, обидете се да најдете зграда со громобран или автомобил каде што ќе се сокриете. Доколку не можете: избегнувајте отворени полиња и високи дрвја, како и високи предмети. Избегнувајте вода и никогаш не легнувајте на земја.

Не треба да излегувате половина час по последниот гром – факт!

Најголем дел од луѓето кои се жртви од громови не страдаат во центарот на бурата. Гром може да удри и до 15 километри од местото каде што врне. Кога ќе чуете грмотевици, најумно е да влезете внатре и да останете таму најмалку половина час откако ќе ја чуете последната грмотевица.

Може да ја пресметате далечината на громот со броење – факт!

Изненадувачки, трикот што сте го научиле во детството не е базиран на суеверие, туку на факти. Звукот патува побавно од светлината, па така откако ќе ја видите молњата, избројте ги секундите до грмотевицата. Потоа поделете го бројот на секундите со 4, за да ја добиете приближната оддалеченост во километри.

- Реклама -