Facebook воведе „reply“ на коментарите

Facebook додаде нова опција во коментарите така што корисниците конечно ќе може директно да одговорат на коментар оставен на нивната страница.

По неколку месеци тестирање, социјалната мрежа ја лансирање оваа опција кооја има за цел да ја олесни комуникацијата. Одговорите ќе бидат објавени под секој коментар поединечно.

Исто така, најактивните и најпопуларните коментари ќе бидат на врвот. Тоа ќе биде особено корисно на страниците кои имаат илјадници фанови.

facebook-reply-button

„Промените ќе овозможат директно да комуницирате со одредени фанови. Покрај тоа, со ставањето на активните и популарните коментари на врвот им овозможуваме на посетителите на некои страни да ги видат најдобрите и најактуелните“, порачува Facebook.

За сега промените ќе функционираат само на Facebook страниците, но не и на профилите. Facebook ќе овозможи оваа опција да може да ја користат сите страници со над 10 000 фанови до 10 јули, но оставена е и можноста таа да се исклучи ако корисникот не ја сака. Во иднина оваа опција ќе биде овозоможена и на апликациите на Facebook за мобилни телефони.

- Реклама -