До април ќе гледате видео огласи во вашиот News Feed на Facebook

Откако Facebook предизвика бурни реакции со менувањето на условите за користење на Instagram, следниот чекор на социјалната мрежа повторно оди во прилог на огласувачите, зашто Facebook планира да воведе видео огласи во првата половина од 2013 година.

Advertising Age пишува дека најдоцна до април, огласувачите ќе може да ги таргетираат корисниците со видео огласи на нивните News Feeds на десктоп, но и на мобилната верзија на Facebook. Максималното времетраење на огласите ќе биде 15 секунди, што е двојно помалку од стандарните огласи на ТВ, кои траат до 30 секунди.

Исто така, видео огласите ќе работат по принципот на autoplay, односно автоматски ќе се емитуваат, со самото логирање и прегледување на News Feed на мрежата. Исто така, на стандардната верзија на Facebook, огласите ќе се прошируваат од News Feed кон десната и кон левата колона на екранот.

На кого му е преку глава од промените на Фејсбук? Коментарите се отворени. [We’re About To Start Seeing Video Ads On Facebook]

- Реклама -