Сосема неочекувано, но факт е дека социјалната мрежа Facebook почнува да дава финансиски услуги во форма на парични трансфери и електронска валута. Ова го соопшти Financial Times, пренесе Стандард Њуз.
За неколку недели Facebook ќе добие одобрение од Централната банка на Ирска и ќе ја пушти услугата која ќе им овозможува на клиентите да чуваат пари, да ги пренесуваат на други корисници и да ги користат за плаќање, раскажуваат соработници на корпорацијата. Тоа фактички ќе овозможи на компанијата да ја воспостави својата електронска валута. Претставници на компанијата веќе разговарале за можноста за партнерство во проектот со 3 лондонски стартапа кои обезбедуваат услуги за меѓународни банкарски трансфери онлајн и преку Smartphones – TransferWise, Moni Technologies и Azimo.
Една од главните причини за создавање на платниот систем е желбата на Facebook да го зајакне присуството на пазарите во развој, запознат со стратегијата на компанијата. Неодамна бројот на регистрирани корисници на социјалната мрежа во еден таков пазар како Индија, надмина 100 милиони.
Сега оваа земја го зазема второто место по бројот на корисници на Facebook по САД. Зад океанот компанијата веќе има дозвола за спроведување на некои платежни операции – на пример да зема пари од корисниците за купување на апликации. Во 2013 година корпорацијата има направено договори за близу 2,1 милијарди долари.
Платниот систем на компанијата може да стане сериозен играч на пазарот, посочуваат аналитичарите. Според Питер Роу од TechMarketView тоа е логичен потег за неа и овој потег ќе и овозможи успешно да се натпреварува со традиционалните играчи, забележува тој.