Тоа што пред еден месец беше најавено како огромен потег на Facebook и зaпочнување на нов поход за освојување на мобилниот пазар се покажа како целосен дебакал.
Почетниот интерфејс за Android кој треба да го замени вашето почетно мени Facebook Home е голем неуспех со мал број на корисници.
Речиси ниту еден мобилен производител не е заинтересиран да направи заеднички телефон со Facebook, вклучувајќи го и моќниот Samsung кој експресно ја одби понудата на Марк Зукерберг. По Samsung најавено е и дека Sony и LG ќе се фокусираат на дополнителен развој на свој интерфејс, а не тој на Facebook за мобилен.
Исто така првиот Facebook смартфон HTC First има очајна продажба и операторите го продаваат за еден долар со склучен двегодишен договор. Мал е бројот на превземања и на Facebook Home како почетен софтвер за смртфонот, а причината за тоа е лошата функционалност.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk