Facebook ја промени вашата адреса без дозвола (видео)

Facebook ги замени email адресите на сите корисници со @facebook.com адреса без да праша. Еве брзо и едноставно решение за овој проблем.

Facebook лансираше сопствен email сервис во 2010 година, настан кој никој не го забележа. Вчера некој забележал дека социјалната мрежа ги заменила адресите на профилите на сите корисници со @facebook.com адреса. За среќа враќањето на вашата адреса на профилот е многу лесно.

Решението е брзо и едноставно но неприфатливо е што од Facebook решиле да ја направат оваа промена без дозвола и без известување.

{youtube}ahaKDaWWN5A{/youtube}

По многу прашања претставник на Facebook дал изјава која не одговорила ниедно прашање туку само потврдила дека тие им дале нови адреси на сите корисници и создале „нова функција која им овозможува на корисниците да изберат која адреса ќе се појави на нивната страна“.

- Реклама -