Вашите Facebook пријатели би можеле да предизвикуваат стрес кај вас, и што повеќе пријатели имате, толку повеќе стрес чувствувате.
Спорет нов извештај на Бизнис Школото на Универзитетот од Единбург, што повеќе пријатели имате на Facebook – или поточно, што повеќе „пријатели“ имате на Facebook – чуствувате повеќе стрес. Стресот потекнува од чувството на сопственост. Не е изненадување што според студијата на над 300 корисници, луѓето кои имаат „колеги и родители како пријатели чувствуваат најмногу стрес“.
„Facebook порано беше како одлична забава за сите ваши пријатели каде што можете да танцувате, пиете и флертувате“ изјавил Бен Мардер од Универзитетот од Единбург. „Но сега вашите родители и шеф пристигнаа на забавата и таа станува доста непријатен настан полн со потенцијални социјални нагазни мини.“
Мардер има теорија дека стресот доаѓа бидејќи како и во вистинскиот живот, така и на Facebook различно се однесувате во присуство на вашата мајка или вашиот шеф. Стресот потекнува од комбинацијата на вкавата промена во однесувањето и отворената социјална платформа – Facebook. [More Facebook friends means more stress, says Business School report]