Радикално изменетиот и повеќе конзистентен изглед на сите платформи се главните новини на новиот Facebook дизајн.
Facebook денес го претстави првото поголемо дизајнерско и функционално подобрување на своите интерфејси, по 2011 година, кога го претстави новиот Timeline. На прес-конференцијата, основачот на Facebook, Марк Цукерберг, ги презентираше подобрувањата на News Feed -от, подобреното прегледување на сликите и посреден дизајн на Facebook, кој ќе биде ист и на мобилните уреди како и на вашиот компјутер.
Презентирајќи го новиот News Feed, Цукерберг рече дека тоа е клучен дел од “Facebook искуството”, што на корисниците им значи исто како и прелистувањето на омилениот весник или списание.
Новости со поголеми и подобри слики
Фотографиите се центрирани и за околу 50% поголеми и добиваат повеќе на значење во целиот News Feed. Текстот нема да оди до нив како до сега, туку фотографиите и видеата ќе имаат примарна улога а текстот ќе биде позициониран исклучиво под тие елементи.
Со новиот News Feed, поедноставно ќе биде и прегледувањето фотографии од Instagram, Google+ и другите интегрирани сервиси.
Повеќе вести значи повеќе избор!
Новостите сега корисниците може да ги поделат во категории и да овозможат истовремено следење на неколку различни видови на вести. Примарно на News Feed ќе бидат прикажани објавите од пријателите, но корисникот ќе и има и нов приказ со повеќе објави за да се следат различните категории, како што се блиски пријатели, музика, филм, колеги, доколку корисниците прво ги поделат пријателите по групи.
Мобилните и таблетите го инспирираа новиот News Feed
Facebook се трансформираше униформна но, атрактивно презентирана целина, која на корисниците ќе им овозможи подеднакво искуство безразлика на која платформа ќе го користат.
Погледнете како промените изгледаат во пракса, и што мислат за нив вработените во Facebook кои и го создадоа новиот дизјан.
[youtube]YaQQHYQHnMk[/youtube]