Доколку барем 1 час дневно посветувате на социјалните мрежи и воопшто Интернет светот, насловот ви е повеќе од јасен.
Одамна фановите и на едната и на другата социјална мрежа знаат за војната кои овие два Интернет гиганти ја водат меѓусебно. Но, во последно време односите се заоструваат и веќе Facebook и Twitter не ги гледаме како ривалски компании, туку буквално како двајца луѓе кои очигледно не се трпат еден со друг. Ете, до толку реално е нивното непријателство.
Facebook и Twitter се ривали и тоа е повеќе од очигледно, но тие ретко навредите си ги кажуваат директно, нивните битки се одвиваат позади сцената. Facebook го бранат едни социјални мрежи, а на страната на Twitter стојат други.
Имено, една од клучните причини во моментов се тврдењата на различните партнери кои овие социјални мрежи ги имаат. Така на пример Trendrr кои соработува со Facebook тврди дека Facebook има 5 пати поголема активност на телевизија отколку што Twitter има на својот сајт! Уште една компанија која соработува со нив, преку својот PR изјави дека Facebook и Instagram се клучни елементи кога станува збор за забава, сосема игнорирајќи го постоењето на Twitter.
Виртуелниот двобој полека започнува да се вжештува и Twitter изјави дека засега ќе се фокусира само на подобрување на перцепциите кај своите партнери и фанови за тоа што е добро а што не е, додека Facebook се чини ќе направи се што е потребно за да остане привлечен за своите бизнис партнери.
Ваквото однесување ги става двете социјални мрежи во незавидна положба и во ситуација во која досега ниту една од компаниите не била. Како и да е, со сигурност можеме да потврдиме дека кој и да е нивниот нареден чекор, фановите и корисниците на овие социјални мрежи ќе се најдат во средина.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk