Facebook додава нова опција на мобилните апликации со које ќе може да се препознае телевизиско шоу или музика која свири во позадина. Така корисниците полесно ќе може да ја споделат песната која ја слушаат во моментот.Оваа нова опција корисниците треба да ја овозможат, а со неа преку микрофонот ќе се слуша одредена содржина со цел да се препознае музика, филм или телевизиско шоу кои се пуштени во позадина, користејќи систем сличен на оној од Shazam.
Таа ќе биде активна цело време додека пишувате нови постови, па кога ќе најде совпаѓање, сама ќе дполони содржина, без ништо да внесувате. Само треба да ја одберете аудио иконата која ќе биде видлива. Доколку споделувате музика, пријателите ќе можат да видат видео од 30 секунди за таа песна.
Според Facebook, аудио содржината која се снима не се зачувува никаде и секогаш ќе одбирате дали ќе го постирате тоа што апликацијата ќе го чуе. Истата ќе стане дестапна на Android и iOS мобилните уреди во наредните недели.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk