Facebook го менува дизајнот на “Like” и “Share”

 

Социјалната мрежа Facebook планира да го промени дизајнот на копчињата Like и Share , користени во други веб-сајтови. Пораката за измените се појави на 7 ноември во официјалниот блог за програмери на социјалната мрежа.

Позадината на Like станува темно сина ( наместо користената досега светло сина ) , а раката со кренат палец се заменува со логото на Facebook. Палецот веќе ќе се прикажува само во квадратниот “прозорец” над копчето во кој се прикажува вкупниот број на лајкови , собрани во некоја публикација . Слични промени ќе има и кај копчето Share , преку кој може да се сподели линк до содржината во лична порака или во група.

Како што се прецизира во соопштението , воведувањето на новиот дизајн ќе станува постепено во текот на неколку недели. При тоа , копчињата на сајтовите кои користат постари верзии на Like и Share , ќе се променат автоматски.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Facebook за прв пат го претстави копчето Like во 2009 година. Можноста за неговото вградување во други сајтови се појави во 2010 година. Оттогаш дизајнот на Like не беше променен ниту еднаш. Според податоците на социјалната мрежа , двете копчиња се користат во повеќе од седум милиони сајтови. Секој ден корисниците ги гледаат копчињата Like и Share вкупно околу 22 милијарди пати.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -