Сега и Фабрегас е незадоволен

Кристијано Роналдо го шокираше Мадрид со изјавата дека е несреќен во Реал, а сега и Цеск Фабрегас ја отвори душата и вели дека е незадоволен на „Камп Ноу“ затоа што седи на клупата за резервни фудбалери.

„Никогаш нема да бидам незадоволен играч на клупата, моето лице нема да издаде, но јас всушност сум несреќен затоа што не играм во континуитет. Морам да бидам искрен и да кажам дека сакам да играм фудбал, а не да гледам од клупата“ изјави Фабрегас.

Сепак, тој знае дека за конкуренција има навистина врвни играчи.

„Тренерот знае што можам јас да му понудам на тимот. Од друга страна, на трите позиции каде што можам да играм, за конкуренција ги имам најдобрите светски играчи. Одушевен сум што сум дел од Барселона, но едноставно сакам да играм“ заврши Фабрегас.

- Реклама -