Excel никогаш не бил позабавен: Претвори си ја сликата во Excel табела

excel

Денес имаме толку многу екрани што веројатно знаете отприлика како работат и дека се составени од пиксели кои прикажуваат црвена, зелена или сина боја во разни вредности, кои на крајот формираат една слика. Веројатно знаеш и како работат табелите во Excel, ама сигурно не си ги користел рекреативно, како што тоа го прави Брејди од Youtube каналот Stand Up Maths. Овој дечко поминува часови и часови конвертирајќи слики во Excel табели. Океј, да бидеме поконкретни, поминуваЛ, затоа што сега го има автоматизирано процесот, а ако ја посетите неговата страна, можете и вие да ги конвертирате вашите слики во Excel табели, просто како: качуваш слика, симнуваш Excel фајл. Кликнете ТУКА.

Во суштина, сите слики се само џиновски Excel табели од броеви, а сите смартфони се само прикажувачи на Excel табели. Секој пиксел се состои од три ќелии, а со соодветно користење на Excel опцијата „условно форматирање“ (conditional formatting), можете да земете било која слика и да ја претворите во Excel табела… и да ја пратите таа табела на првиот што ќе побара ваша слика… или да ја ставите во CV… Сигурно ќе ви се чудат и ќе се прашуваат што всушност правите вие во животот штом имате толку слободно време, ама вие како прав нерд веќе сигурно сте навикнати.

- Реклама -