Некогаш поради недостаток на пари и намирници измислувавме евтини рецепти трудејќи се да направиме совршен десерт. Денес има намирници, но не секогаш има пари. Затоа ви претставуваме вкусен рецепт кој не бара многу средства, но затоа вкусот е бесценет.
Состојки: 1 чаша вода, половина чаша зејтин, 1 чаша шеќер, 2 чаши брашно, 2 лажици џем, 2 јаболки, 1 кесичка прашок за пециво
Подготовка: Излупете ги јаболките и изрендајте ги.
Сите состојки сматете ги со миксер, па во смесата додајте ги јаболките. Мешајте додека состојките не се соединат. Смесата сипете ја во плех кој претходно сте го подмачкале со зејтин и сте го наросиле со брашно. Печете околу 40 минути на 180 степени.