Евтина куќа која се составува за три дена

Еколошкиот дом DublDom од рускoто архитектонско студио BIOArchitecture воведува револуција во пазарот на монтажни куќи. Купувачите може да си изберат куќа во продавница и потоа да ја монтираат на парцелата за време од еден ден.

Dubl Dom е модуларна куќа која се купува со сите потребни приклучоци и инасталации, куќни апарати, мебел и изолација. Прва ваква куќа е изградена во околината на Москва како викендица за едно семејство.

Оваа дрвена куќа има голем застаклен дневен престој како и дрвен покриен трем кој совршено се вклопува во природната околина.

Иако е изградена само од дрво, оваа куќа е многу добро изолирана па од таа причина може да им пркоси дури и на суровите руски зими.

DublDom сега може да се најде во повеќе варјанти со различни големини и со мебел изработен по мерка.

- Реклама -