Европското знаменце за коридорите е за да се заобиколи „проруската Левица“ и е политички оправдано, вели Маричиќ

„Од политички аспект имаме основа да ставиме европско знаменце на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д за да успееме да ги изградиме овие автопати и да ја комплетираме трансевропската мрежа на коридори во Северна Македонија“, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ.

Тој вели дека се во редовна комуникација со Европската Унија и им објасниле ваквата одлука.

„Тоа што мислам дека треба отворено да си го кажеме, оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија, која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија. Сметаме дека тоа е нелегитимна блокада која ние на легитимен начин со инструмент кој ни е на располагање сакаме да ја заобиколиме и за тоа имаме основа и политичка оправданост“, рече Маричиќ.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Вицепремиерот потврди дека овие закони не се усогласени со некое европско аки, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај.

Извор: МИА

- Реклама -