Европскиот парламент гласаше ЗА Сноуден

Европскиот парламент гласаше за отфрлање на сите кривични обвиненија против американскиот активист Едвард Сноуден, пишува The Independent.
По вонредно оспореното гласање, европските пратеници заклучија дека на Сноуден треба да му биде обезбедена заштита како еден “бранител на човековите права” – изјава, што беше поздравена како “шанса да се продолжи напред” од самиот активист кој се наоѓа во Русија.

PR20150220201147

Тој беше принуден да избега во поранешната советска држава откако откри таена програма за глобално набљудување на американската Агенција за национална безбедност (АНС).

Според изјавата на Европскиот парламент, гласањето било многу тесно – 285 лица го поддржале соборувањето на обвинувањата, додека 281 гласале против.

Иако е важно, одлуката нема да дозволи Сноуден да ја напушти Русија, каде што живее со години на тајно место.

- Реклама -