ЕВРО 2024: Англија со минимална победа над Србија од 1:0

Во првиот натпревар во групата Ц, Данска и Словенија претходно денеска одиграа нерешено 1-1

Англија ја совлада вечерва Србија во Гелзенкирхен со минимални 1-0 во натпревар од првото коло во групата Ц на Европското фудбалско првенство.

Во првото полувреме Англичаните беа подобриот противник и дојдоа до предност со голот на Џуд Белингем во 13. минута.

ФОТО: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Мрежите мируваа во вториот дел во кој Србија одигра многу добро, имаше неколку добри ситуации и шанси, додека Англичаните се заканија само преку Хари Кејн, но, по интервенција на голманот Рајковиќ, топката заврши во пречката.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во првиот натпревар во групата Ц, Данска и Словенија претходно денеска одиграа нерешено 1-1.

- Реклама -