Можеби, нашите мозоци уловуваат само мал дел од реалноста за да го осигураат опстанокот на нашиот вид.
Имено, ако фрлиме поглед на другите видови на планетата, ќе заклучиме дека има големи разлики во тоа како го перцепираме светот, и дека најчесто сме значително ограничени. Или што ќе рече когнитивниот научник Доналд Хофман, човештвото можеби живее во рестриктивен концептуален затвор.
„Еволуцијата нема за цел да ја постигне вистината, таа има за цел да прави и да одгледува деца. Секој бит информација што ја обработуваме подразбира потрошени калории, што значи повеќе храна која треба да биде убиена и изедена. И затоа еден организам кој ја гледа реалноста во нејзината целост, и со тоа треба да обработи огромно количество информација, никогаш нема да може да се приспособи подобро од организмот кој е ограничен да го перцепира само тоа од кое што има потреба за да преживее“.
Според Хофман, многу е можно нашата перцепција за реалноста да е ограничена на истиот начин, како што дводимензионално суштество (замислете триаголник на лист хартија со свест) во сплескан свет не би било способно да ја види третата димензија (на пример, пластична коцка поставена врз листот; кој триаголникот би ја перцепирал како 2D квадрат). Така на пример, како и споменатото 2D суштество, за нас е тешко, па скоро и невозможно, да си ја претставиме реалноста надвор од рамките на просторот и времето.
Нашиот систем за перцепција е нашиот прозорец кон светот, но исто така и наш ментален затвор.