Популарната и ништо помалку атрактивна Кристина Агилера во текот на својата долгогодишна поп кариера го менуваше и постепено надградуваше сопствениот стил на облекување.
Слична е ситуацијата и со стилот на фризурата и шминката. Можеби токму и затоа бројот на обожавателите на Агилера расте правопропорционално со секоја нова и поинаква нејзина појава во јавноста.
Погледнете ги фотографиите кои ја раскажуваат приказната за еволуција на стилот на Кристина Агилера и проценете сами кога ви се допаѓа најмногу!