Организирајте ги вашите белешки со Evernote

EverNoteСекојдневно сме во ситуација кога ќе пронајдеме нешто интересно на интернет, но немаме време да го дочитаме до крај. Веб апликацијата Evernote ќе ги зачува сите веб-страници со само еден клик, за да ги прочитате подоцна.. Но што ако сакаме да ги имаме при рака цело време, како на пример на нашиот мобилен телефон? Мобилната апликација за Evernote ќе го направи тоа за вас.

Evernote ви дозволува да ги сочувате и организирате сите тие белешки во облакот за подоцна да можете да ги прочитате од било каде. Во овој случај, под белешка се подразбира секаков вид на текст, аудио, фотографии итн. Сето ова го внесувате преку употреба на компјутерска апликација, веб прелистувач или мобилна апликација. Evernote потоа ја индексира информацијата автоматски.
EverNote HomeДруга интересна карактеристика е тоа што оваа апликација ги тагира информациите со геолокација за да можете да ги пребарувате белешките што биле зачувани на одредено место. Мобилната апликација, која можете да ја симнете за Windows Mobile, OSX, BlackBerry и Android оперативните системи, моментално е бесплатна но има месечен лимит од 40 мегабајти аплоад и поддржува само формати на фотографии, аудио, текст и PDF. За 45 долари годишно ќе добиете до 500 мегабајти сообраќај.
EverNote notesEverNote Android Barcode
Во денешно време, логично е секоја можна технологија да се стреми кон тоа да заврши на облакот. Со користење на оваа апликација, вашата ефективност при организирање ќе се зголеми. Нема повеќе пост-ит ливчиња, тефтери, отворени јазичиња на прелистувачот и сл. Ако се пронајдовте во ова погоре, тогаш Evernote е апликацијата за вас. Погледнете ги видеата подолу и оставете коментар со вашето мислење и искуство.

{youtube}LNE0R3rEe5Q{/youtube}
{youtube}d1oI92vm4b8{/youtube}

- Реклама -