Еве зошто сите зборуваат за невестинскиот фустан на Николина Пишек

Минатиот викенд во Монте Карло се омажи хрватската водителка Николина Пишек, а сите уште зборуваат за нејзиниот невообичаен невестински фустан.

За најважниот ден од животот, Пишек одбра фустан од Monique Lhuillier што го купила од Њујорк. Фустанот е уникатен и не е традиционално бел. За свадбата со Видоје Ристовиќ избра крем венчаница без прерамки украсена со тиркизни цветови. За да го надополни изгледот одбра долг вел во крем боја. Младоженецот се одлучи за одело Lanvan и патики.

nikolina

- Реклама -