Науката е цар: Клима уред од шишиња што работи без струја

eco_cooler_02[1]

На почеток направете мал експеримент:

Поставете ја дланката споена пред лицето. Дувнете со отворена уста (хукнете). Што чувствувате? Хинт: го чувствувате топлиот здив. Ај сега поставете ја дланката во истата позиција, и дувнете со затворена уста, како што дувате на супа. Сега воздухот е ладен. Е како бе?

Е па така, заради принципите на флуидната динамика. Во принцип, кога воздухот поминува низ потесен простор, тој е под поголем притисок и се движи побрзо. Кога се движи побрзо – е поладен.

И така, конечно некој се досети тоа да го искористи за да направи клима уред што работи не на струја, туку и на минимално струење на воздухот.

ECO-COOLER[1]

Во земјите без пристап до стабилна електрична мрежа, да се олади домот е скоро невозможно. Добар дел од таквите земји се и земји со пеколно жешка клима, што значи дека луѓето таму се осудени да се печат на немилосрдното сонце. Токму за тие луѓе е наменет иновативниот Eco Cooler, кој користи дволитарски шишиња и работи на истиот принцип како вашиот здив кога поминува низ стегнатите усни. Со овој изум можете да ја симнете температурата и за 5 степени Целзиусови, што е огромна разлика за тие што немаат струја, клима, или други начини на разладување.

hotair

Во суштина, системов ги користи дволитарските пластични шишиња да го забрза тоа мало струење на воздухот и да ги олади домовите. Ветрето стигнува до отворениот крај на шишето, воздухот е притиснат низ грлото на шишето, а другото го објаснивме.

Се разбира, направава има и свои ограничувања. Не може да олади воздух ако воопшто нема струење. Ама кога има, според Inhabitat, направава прави чуда за пеколно жешките домови. И згора на тоа, макар што е многу едноставна за правење, еве и шема на изработка што комотно можете да си ја симнете кога и да решите дека горештините веќе не се трпат.

Линк: ТУКА

Download: ТУКА

- Реклама -