Сигурно сте се запрашале: Како тоа месечарите успеваат да одат во сон без да се удираат во препреки? Американските научници го најдоа одговорот.
Тимот од медицинскиот центар Langone заклучи дека месечарите имаат ваква чудна способност благодарение на тоа што групата на клетки во мозокот, одговорна за навигација, останува активна и додека сме будни.
Двегодишното истражување е надградба на студијата објавена лани, која покажа дека во мозокот постои некаков „природен ГПС систем“, т.е. група на клетки која не усмерува додека се движиме.
Истражувањето е спроведено врз експериментални глувци, преку анализа на нивното однесување и мозочната активност за време на РЕМ фазата. Заклучокот е дека „мозочниот компас“ кај глувците работи со иста брзина како и кога се будни.
„Одамна знаеме дека мозокот ни е буден и додека спиеме. Меѓутоа, сега знаеме и дека ја одржува ориентацијата“, вели Ѓорѓи Бузсаки – професор по неурологија на универзитетот во Њујорк.
Ваквото сознание е мошне значајно, бидејќи би можело да помогне во наоѓањето на лек за ориентационите пореметувања.