Славните се постојано во фокусот на јавноста, па така, тие секогаш мораат да изгледаат совршено, беспрекорно, и да не си дозволуваат никакви грешки. Доказ за тоа се и ѕвездите како Кание Вест, кој кога направи инцидент на WMA наградите беше изложен на огромно исмевање, Бијонсе која благодарение на неколку гримаси успеа да го стави во сенка целиот нејзин спектакуларен настап, и… Скарлет Јохансон, која со нејзиното паѓање од 2012-та година, стана најсмешното „меме“ за 2013.