Поранешниот сопруг на Соња и поранешниот пријател на Аца Лукас, од кого Соња се разведе поради Лукас, Жељко Шашиќ, вели дека не го интересира нивниот развод.
– Мислам дека ќе биде дегутантно да било што коментирам за тоа. Тоа одамна повеќе не е моја работа- вели пејачот.
А на прашањето дали очекувал да дојде до ваков епилог на нивната голема љубов, тој цинично одговори:
– Па не! Баш и не очекував. Тие двајца баш беа еден за друг. Се заслужуваа еден со друг, па затоа е за жал тоа што се разведуваат. Им посакувам се’ најдобро!
Сепак, вели дека особено Лукас и Соња имаат проблеми во бракот.
– Слушнав во неколку наврати и дека порано се шири таа приказна, а што ќе се случи со нив, тоа навистина не знам. Навистина им посакувам се’ најдобро- повтори пејачот.