Еве, накај работа

Има луѓе по светот што можат да се пофалат дека не се возат во сообраќајни гужви до работа. Ама тоа ич, ама ич не значи дека им е добро.

nothingtoholdonto5Во фото-серијалот Nothing To Hold On To („Немам ништо за да се задржам“), Бангладешкиот фотограф ГМБ Акаш ја отсликува реалноста за илјадници (пре)ниско-платени работници кои не можат да си дозволат да плаќаат карта за возот со кој патуваат до пазарите и нивните „работни места“. Единствена опција им е да прибегнат кон „шлепање“, односно да се возат „шверц“ на покривите и меѓу вагоните на возовите, и тоа со стотици километри. Како што можете да замислите, таквото возење е многу ризично и нема никакви заштитни мерки, на пример – нешто за што би можеле овие патници да се задржат; оттаму и не е чудно што секоја година, токму на овој начин, гаснат илјадници животи.

Привлечен од личните приказни и храброста на овие луѓе, Акаш немал многу избор – за да ја направи фото-сесијата, морал да им се придружи. „Кога тргнува возот, нозете почнуваат да ти се тресат и автоматски бараш нешто за да се задржиш, ама такво нешто нема“. Сепак, се чини дека тоа е последната грижа на овие патници.

nothingtoholdonto4

На пример, младиот рибар на сликата, возејќи се на кровот, избегнува да плати карта од 60 така дневно (околу 0.55 фунти). За споредба, максималната (не просечната) дневница му е 120 така (1.10 фунти), така што јасно е дека кога би плаќал за патот не би му останало практично ништо од парите, па неговиот избор во животот се сведува на парадокс – секојдневно да го ризикува животот, за да преживее.

Како што рековме, Акаш се возел рамо до рамо со мажите, жените и децата: „Многу пати бев удрен од жици и гранчиња и секој пат си велев дека веќе нема да одам. Но, не можев да одолеам и да не отидам“. А и како да одолее, кога перспективата на овие луѓе останува позитивна и решителна, и покрај тоа што живеаат опкружени со минимални шанси.

nothingtoholdonto11 nothingtoholdonto10 nothingtoholdonto9 nothingtoholdonto7 nothingtoholdonto6   nothingtoholdonto3 nothingtoholdonto2 nothingtoholdonto1

- Реклама -