Вечерва во 20:30 часот започнува прилепскиот „Пиво фест“.
Организаторите најавија рушење рекорди, а останува да видиме дали тоа ќе се случи по завршувањето на фестивалот.
За отворањето на фестивалот е најавен настапот на Слаткаристика, како дел од неговата голема летна турнеја.
Понатаму публиката ќе ужива во настапите на Љубојна, Саша Ковачевиќ, Ди – џеј Славе, Мето, Мартин Антена и Синиша.
Утре пак, се очекуваат настапите на Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.