Еве како Кеба ја пречека Северина во својот дом

Драган Којиќ Кеба неодамна беше домаќин на новата девојка на синот Игор во својот дом.
Така Кеба ставил маска на лицето за да ја хидрадира кожата, а кога Игор го повикал да дојде, не се вознемирил многу.

– Не очекував дека на вратата ќе се појави Северина, мислев дека е скриена камера. Во секој случај девојката на Игор ја дочекав со црвено лице бидејќи неколку минути пред тоа ја симнав маската која ја имав ставено- рекол Кеба за време на гостување во една емисија.

Игор Којиќ (28) ги исполнува сите желби на неговата сакана Северина (43). Синот на Кеба е решен да оди чекор понатаму и да ја однесе пред олтарот. И апсолутно ништо не му претставува пречка.

Screenshot_21

– Сакаше и верата да ја промени за Северина, но за тоа нема потреба бидејќи тоа не е услов ниту кај католиците ниту кај православните. Сепак, венчавката ќе се одржи во католичка црква каде пејачката го крстеше синот Александар. Ако немаше деца, односно ако нејзиниот син не беше крстен како католик, тогаш ќе можеа да се венчаат и во православна црква. Се разбира, Северина ќе треба на тоа да се согласи, а тоа е малку веројатно дека некогаш ќе се случи- вели извор близок на двојката.

Како што објаснува, родителите на Кеба го поддржуваат во сè, дури и во тоа. За нив среќата на нивните деца е на прво место, а бидејќи Игор покрај Северина е најсреќен до сега и тие се задоволни.

- Реклама -