Еве како домаќинствата го загадуваат Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Тригодишното истражување спроведено од професори и научници при Академијата на науките и уметностите, вели дека 90% од загадувањето е „масло“ на домаќинствата, а 10% – на автомобилите и транспортот. Патем, во истражувањето не е разгледувано индустриското загадување – тоа било прекомплексна област за која допрва ќе чекаме истражување.

Па еве, да видиме како граѓаните со сопствени очи се уверуваат во горенаведениот податок – дека домаќинствата се најголеми загадувачи во можеби идната Зелена престолнина на Европа. Саркастични сме, се разбира.

^ Фотографија од вчера (25 ноември), во 8:15 часот утрото, сликана од Припор со оџаците на Усје во преден план. (виа Интериор.мк)

Видео снимено од Лисиче, во правец кон Цементарница во Скопје, исто така вчера, во 16:10 часот (виа ТВ 21).

Прочитајте и:  Рекордна загаденост на воздухот во Њу Делхи - 60 пати над максималниот праг

^ Aвтобус во центарот на градот снимен на 2 ноември во 8.22 часот. (виа МКД.мк).

И уште пар други фотографии за потсетување. Важно ли е воопшто кога се направени?

- Реклама -