Еве како да го оставите Фејсбук профилот во наследство, за во случај да умрете

Во случај на „не дај боже“, вашиот Фејсбук профил не мора да умре заедно со вас. Едни ја сметаат ваквата можност за морбидна, други за апсолутно неопходна. За овие вторите, еве како можат да ја остават личната Фејсбук страна во наследство на некој близок по желба.

„Избраниот“ т.е. наследникот ќе може во ваше име да испраќа, прифаќа и одбива пријателства, да пишува објави на вашиот виртуелен ѕид или да ја промени профилната фотографија. Од друга страна, нема да може да прави промени во претходно објавените постови.

Опцијата, колку и да е бизарна, доаѓа по желба на корисниците. Веќе некое време, тие бараа од Фејсбук да ја промени полисата на „замрзнување“ на Фејсбук налогот откако сопственикот ќе почине. Наместо тоа, корисниците се залагаа да имаат токму ваква можност и Фејсбук профилите на починатите да се користат како меморијални страници.

Фејсбук ја нарече опцијата „Legacy contact“. Еве како да ја активирате:

Чекор 1: Отворете го паѓачкото мени на горниот десен агол на вашата профил страна

leg1

Чекор 2: Кликнете на „settings”

legg

Чекор 3: Кликнете на „security”

legg3

Чекор 4: Изберете „Legacy contact” и изберете го „пријателот“ кој сакате да го наследи вашиот профил

leg4

„Многу е тешко да изгубите некого, особено одеднаш. Сакавме да им овозможиме избор на луѓето и да им пружиме подобра поддршка на луѓето што жалат“, вели продукт-менаџерот на Фејсбук – Ванеса Калисон-Бурч.

- Реклама -