Ако си млад и живееш во голем град, сигурно многу добро знаеш колку е скапо да скрпиш крај со крај.
Од кирија, до превоз, па лапачка, а пијачка?, уф, уф… Ако не внимаваш, многу е веројатно дека ќе заглавиш во дупка илјадници долари.
Но, според неодамнешниот извештај на „MuvHab“, организација која промовира иселување во странство, не се изгубени сите надежи. „MuvHab“ неодамна оцени 30 градови ширум светот за да согледа кои се најдобри за оние „најутепаните“, земајќи ги предвид факторите од типот на ефтина храна, транспортни трошоци и кирија во споредба со месечната зараборувачка. Секој град бил оценуван со оценка од 1 до 100.
Не е изненадувачки, 8 од првите 10 градови се во Европа, а на врвот на листата е Единбург.
Едибург, чиј рејтинг е 82,95, се чини дека има најефтина храна во споредба со заработувачката, а месечната рента од околу 950 долари за еднособен стан зафаќа 32,5 отсто од месечната заработувачка. Шкотскиот главен град исто така има кул архитектура и релативно е безбеден.
Берлин, познат по својот луд ноќен живот, е на трето место, со проценета вредност од 78,25 за која придонесуваат прифатливите трошоци за домување, бидејќи жителите одвојуваат 25,6 проценти од својот приход за наемнина, која во просек изнесува само 790 долари за еднособен стан. Виена, Прага и Мадрид исто така влегоа во првите пет.
Мумбај, Индија, е еден од само двата неевропски градови во првите 10 (вториот е Мелбурн, Австралија). Според „MuvHab“ , месечните трошоци за превоз во Мумбај се ужасно ефтини и изнесуваат до 15 долари.
Во однос на градовите што треба да се избегнуваат.
Месечните трошоци за превоз во Лондон чинат отприлика 240 долари, а за кирија треба да се одвојат повеќе од 52 проценти од месечната заработувачка, поради што е на 30-то место од 32-те градови.
Сан Франциско, каде што просечната кирија е 3.268 долари месечно за еднособен стан, заврши на 29 место. Њујорк е 26, каде во просек еден стан чини 2.256 долари.
Торонто, единствениот канадски град на списокот, е на 18-тото место, со просечна кирија од околу 1.300 долари, според податоците на „MuvHab“ (имаме чувство дека Монтреал немаше да помине многу подобро, доколку беше оценет).
Сао Паоло, Бразил, е на најубедливото последно место, со лоши оценки кога е во прашање ефтина храна и безбедност, додека потстанарите за нивните домови издвојуваат околу 64 отсто од нивната заработувачка.
За Скопје и Кичево ќе влезеле во новото истражување 🙂