Еве ја и првата копија на Galaxy S6

Новите предводници на големите произведувачи се често најпосакувани од страна на корисниците на мобилните уреди.

Ова е и причината што постојано гледаме копии на најактуелните смартфони. Последната цел е новиот Galaxy S6, со тоа што на фотографиите не го гледате моделот на Samsung, туку неговиот кинески клон.

Некои корисници можат да бидат излажани од сличностите на прв поглед, но факт е дека се кријат доста разлики кои ќе се забележат при неговото вклучување.

На прво место е екранот кој тука во HD наспроти Quad HD кај оригиналниот S6. Потоа доаѓа процесорот, кој е quad-MediaTek MT6582 наспроти 8-нуклеарниот Exynos кај Samsung. Се разбира, нема да добиете многу и во однос на внатрешната меморија, која е 1GB наспроти 3GB кај вистинската верзија.

Имитацијата на популарниот Galaxy S6 работи со Android Lollipop, но резултатите од AnTuTu не се многу импресивни. Еве ги сите слики:

Galaxy-S6-clone-7 Galaxy-S6-clone-6 Galaxy-S6-clone-5 Galaxy-S6-clone-4 Galaxy-S6-clone-3 Galaxy-S6-clone-3 (1) Galaxy-S6-clone-2 Galaxy-S6-clone

 

- Реклама -