Еве ги имињата на идните верзии на Android

Имињата на новите верзии на Android се толку слатки што знаеме дека ни течат лиги додека компанијата ги објавува новите имиња. Не постои некоја посебна причина зошто Google одлучи да избира имиња кои се исклучиво инспирирани од некаков вид десерт,  односно слатко.

Ние одлучивме да се забавуваме помагајќи му на Google во наоѓањето на нови имиња за идните верзии на Android, кои се следбеници на моменталниот оперативен систем наречен KitKat (Android 4.4). Си земавме дозвола и да направиме неколку нови логоа, па Google слободно фаќај белешки и учи од нас. :)

Лижавче без шеќер, со додаток на ксилитол заради моќта да се бори против кариесот. Сметајте го ова како метафора за постојаната битка на Android со malware.

1. Android 5.0 Lollipop

Во оваа верзија на Android, се обидовме да го поправиме општиот впечаток кој го доби целиот свет, дека штом имаш Android телефон, тој мора да го има рингтонот од песната “Milkshake” на Kelis.

  2. Android 5.3 Milkshake

Nougat се обидува да ги отстрани сите иритирачки функции и опции, но несакајќи отстранува и се што е корисно. Исто како забите кои доаѓаат во контакт со нешто слатко, смартфоните и уредите кои се надградени со Nougat, остануваат вечно заглавени со оваа верзија.

 3. Android 6.0 Nougat

Google се здружи со уште еден огромен производител на слатки – Oreo. Верувам дека сите наши читатели и покрај тоа што можеби ги немаат пробано овие благца, многу добри ги познаваат кои се и од каде доаѓаат. Во чест на новата верзија, компанијата се реши на специјална едиција на Орео колачиња со фил од лимета, да одговара на бојата на оперативниот систем, нели?

 4. Android 6.3–6.9 Oreo

Специјално црвено-бело издание на Google Nexus кое најверојатно можеме да го очекуваме за време на претстојните празници.

5. Android 7.0 Peppermint

Red Velvet – светски позната торта која поинаку е познато и како најдекадентната торта. Малечкото Android човече повторно изгледа надуено, а и вие ќе бидете исти толку надуени во стомакот ако дозволите најразлични оператори да го трпаат вашиот оперативен систем со безкорисни и глупави апликации.

 

6. Android 7.5 Red Velvet

Како што се скромни шеќерните чајни колачиња оваа верзија се однесува само на неколку нови функции на оперативниот систем. Оваа верзија нека ве потсети на подобрувањето на работата кое го покажа Jelly Bean, работата која ја заташка Ice Cream Sandwich.

7. Android 7.6 Sugar Cookie

Android Taffy е последицата и лошата одлука на Google, да го направи Android посмешен,подостапен и поинтересен за децата.

 8. Android 8.0 Taffy

Кога ќе дојде до оваа бројка на оваа верзија Android повеќе нема ни да биде оперативен систем.

9. Android 9.0 Upside-Down Cake

Vanilla е всушност вистинската жива верзија на Google Now widget-от.

10. Android 9.1 Vanilla

Android Wax Lips е првата верзија која е создадена специјално за да може да функционира и да се имплементира кај луѓето. Овозможува и инстантен превод на било кој јазик во моментот кога зборувате со било кој човек, во било кој дел од оваа планета.

 

11. Android 9.2 Wax Lips

Програмерите и оние кои се грижат за азбуката и новите верзии на оперативниот систем, сакаа да ја наречат оваа верзија Xanthine (благ стимулант кој се наоѓа во чоколадото), но фокус групата сметаше дека името делува некако клинички. Затоа директно се префрлија на Y.

12. Android 9.3 Yoo-hoo

Zebra Brownie е последната верзија на Android. Ажурирањето и новата верзијата ќе може директно да се прикачи преку вашиот нервен систем, во модул кој го заменува вашиот мозок- иновативен пристап кој ќе ги поправи сите багови кои луѓето ги имаат со Wax Lips и Yoo-hoo.

13. Android 9.5–9.9 Zebra Brownie

 

Се надеваме дека не ни замерувате, малку си поигравме и шегувавме. Сите од нас го сакаат и користат оперативниот систем Android,  а јас и покрај тоа што сум неизлечив фанатик по Apple, не мислев ништо лошо. Целта на оваа статија е да ве насмее и да ве натера и вас да бидете креативни во смислувањето на новите имиња. Можеби Google и вас ќе ве послуша, ги чекаме вашите предлози.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -